Не го фрлајте бајатиот леб – претворете го во вкусно јадење!

АКЦИЈА

Има доста начини да го искористите бајатиот леб, а ова е еден од најдобрите. Направете потпечени кнедли со сирење!

Потребни состојки:

-800 грама бајат леб
-околу 400 милилитри млеко
-2 пиперки
-3-4 лажици путер
-2 лажици свежо исечкан магдонос
-4 јајца
-сол, бибер, мускатно оревче
-50 грама рендано топено сирење или пармезан
-по 50 грама од некои појаки сирења, на пример козјо и сино сирење

Начин на подготовка:

Исечете го лебот на парчиња, па прелијте го со варено млеко и оставете го десетина минути да омекне. Исчистете ги пиперките и ситно исечкајте ги, па пропржете ги на две лажици путер. Додајте магдонос. Во лебот додајте ги изматените јајца и динстаната пиперка, па зачинете.

Премачкајте кујнска крпа со путер, па на неа развлечете ја смесата и свиткајте ја во ролна. Цврсто заврзете ја ролната со конец, па потопете ја во солена вода и оставете ја да отстои половина час.

Извадете ги кнедлите од солената вода, оставете ги да се исцедат и на крајот одмотајте ги од крпата. Исечете ги на парчиња па распоредете ги на тепсија што претходно сте ја премачкале со масло или путер. Измешајте ги сирењата и ставете ги врз исечените парчиња леб. Печете на 200 степени Целзиусови.

Совет: Вчерашниот леб можете да го искористите и така што ќе го исушите, сомелете и сами ќе направите презла.

Убавина и здравје

loading...