Леб со маргарин, играње, смеа и караници.. Јас сум од времето на Руменко, Лени и Капри

АКЦИЈА

Во дворче распослани на ќебе барбики, фустани, докторски прибор, ластик…

-Денес јас ќе бидам доктор ти пациент.

-Добро, попладне јас ќе бидам доктор, ама нема плачење…

Елена, Александра ајде секој дома време е за ручек подоцна пак ќе се видите и така секој ден играње, смеа, понекогаш и караници плачки, инаетење, беше едно убаво детство.

Се сеќавам ќе се соберевме 5 дечиња од уличката и одевме со велосипеди до другата улица од која секогаш имавме по еден „непријател“. Правевме „бомби“ (балони полни со вода и се мававме) набрзина се враќавме на нашата улица насмеани, се случуваше и на нас така да ни направат, но се беше низ детска игра…

Омилена забава ни беше играње криенка кога ќе се стемни, низ улицата и куќите имаше многу интересни места каде што можеш да се скриеш и да не те најдат…Знаевме да играме до 23 часот и родителите да ни донесат сендвичи за мене и до ден денес најубавиот крајчето од лебот, маргарин , сиренце и домат…

Знаевме секој викенд до локалната продавничак да одиме и да си купиме Капри, Снежец, Лени хит беше и сладоледот со лажичка и играчка во него… понекогаш и газиран сок тоа беше среќа….

Јадевме кифлич домашни топли…Си организиравме игри без граници победничкиот тим си добиваше подарок кој беше составен од пенкалце, тетратка…Глумевме претстави, игравме ластик, народна….

Сите гледвме Волшебното самрче….Безгрижно наивно, убаво…Јас сум од време кое тебе не ти е познато. Или и ти си од истото.

Скопјеинфо

loading...