Споменикот „Илинден“ – симбол на непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава

АКЦИЈА
loading...

Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание. Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Споменикот Илинден, или уште и Македониум, се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев.

Во Македонија наједноставно кажано секое одбележје е полно со историја,и државите во недостаток од сопствена историја ,а со тоа и продавање на приказна со која би се богателе и гордееле се дрзнуваат денес да ја крадат нашата богата и пребогата историја и традиција.

А што е уште пострашно што постојат и такви ликови т.н политичари кој по „багателна„ цена и со никакво значење за нив сакаат сето тоа на тацна да им го продадат на нашите најголеми негатори ,и не е прашање дали сакаат туку за колку само би го дале,а тоа овој наш народ не смее да го дозволи со тоа што во иднина доверба не смее да дава на квази мапети и т.н политичари на кој најважна им е фотелјата и власта а не сопствениот народ и држава.

loading...