Сорос си оди! Десоросоизацијата ја избрка “Отворено општество” од Унгарија

АКЦИЈА
loading...

Фондацијата “Отворено општество”, која му припаѓа на американскиот милијардер Џорџ Сорос, ќе прекине со активностите во Унгарија, соопштуваат светски агенции.

“Преземена е одлука за преместување на сите операции од Будимпешта, бидејќи владата на Унгарија подготвува понатамошни рестрикции за невладините организации со помош на т.н..закон проект “Запирање на Сорос”. Претходно Јанош Лазар од унгарската влада забележал дека некои општествени организации придонесуваат за ширење на нелегалната миграција во ЕУ преку финансирање од американскиот милијардер Џорџ Сорос, заобиколувајќи ја контролата на властите, поради што нивното финансирање треба да се оданочува со данок.

Во февруари новиот нацрт-закон за миграција беше ставен за дискусија во парламентот. Унгарските власти се подготвуваат да воведат казнени даноци на јавни и непрофитни организации кои добиваат финансирање од странство и ги додаваат овие средства во помагање на илегални имигранти и нивен незаконски транспорт во државните граници на земјите од ЕУ.

Според зборовите на министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер овие организации треба да се регистрираат пред соодветните официјални органи и големината на данокот на нивното финансирање од странство ќе биде 25%.

Пакетот од законодавни мерки неофицијално е нарекуван “Запирање на Сорос”, колку што Владата на Унгарија е убедена дека токму американскиот милијардер налева финансиски средства во активностите на компании кои им помагаат на илегалните мигранти.

loading...