СЕЛА: Жално е што се случува со албанските партии

АКЦИЈА

Алијансата за Албанците се очекува да остане единствена албанска опозициона партија по влегувањето на Движењето „Беса” и на ДПА во Владата, пишува денес информативната агенција на албански јазик „Илирија њуз” – ИНА.

Алијансата на Албанците се подготви да остане единствена албанска опозициона партија, откако ја напушти Владата и не калкулираше во поглед на своето враќање во Владата.

Зијадин Села претходно нагласи дека ќе бидат во опозиција и оти нема да бидат во ниедна комбинација на актуелната Влада и дека премиерот Зоран Заев не заслужува поддршка.

– „И сега со голема загриженост го следиме овој натпревар кој прв да стане дел на Владата и кој подобро ќе му служи на премиерот. Со жалење велам дека оваа логика е логика на Никола Груевски и таа логика беше инсталирана во текот на десетте години на неговиот режим, кој ги држеше двете албански партии како можна резерва за да бидат дел на Владата”, нагласи лидерот на Алијансата на Албанците Села, пишува денес Агенцијата ИНА, пренесе МКД.Мк.

loading...