Полнети печурки со кашкавал и сланина

АКЦИЈА
loading...

Состојки:
– 500 гр. печурки по избор
– 250 гр. крем сирење
– 200 гр. кашкавал, рендан
– 1 кромид, ситно сецкан
– 150 гр. сланина, ситно сецкана
– 1 прстофат мелен лук
– 1 прстофат сол
– 1 прстофат црн бибер

Подготовка:

Подгответе го садот за печење така што ќе го премачкате со путер. Загрејте ја рерната на 180-200 степени.
Измешајте ги сирењето, кашкавалот, кромидот и сланината. Додадете ги зачините во мешавината. Промешајте добро. Ако сакате, можете лесно да ја пропржите сланината.
Измијте ги печурките. Отстранете им ги дршките. Исечете ги дршките на ситно и додадете ги во мешавината за полнење. Промешајте повторно. Пополнете ги печурките со смесата. Наредете ги во тавата за печење. Покријте ги со фолија и печете околу 40 минути.

Пред да ги извадите од рерната, отстранете ја фолијата да се потпечат кратко за да добиете кора.

На здравје!

loading...