Интервју со Самсоненко: Македонија ми е како моја земја и продолжувам со инвестиции во Вардар

АКЦИЈА

Вардар постигна огромни успеси, за коишто спортските ентузијасти во Македонија можеа само да фантазираат и ретко кој можеше да предвиди дека ќе станат дел од нашата спортска историја. Ако пред една деценија некој ви кажеше дека во иста година РК Вардар ќе стане европски шампион, ЖРК Вардар – европски вицешампион, а ФК Вардар ќе игра во групна фаза на Лига Европа, веројатно ќе му реплициравте дека може само да сонува, пишува Гол.мк.

Високите дострели комплетно ја променија спортската клупска реалност во Македонија, а ништо од тоа немаше да биде возможно без Сергеј Самсоненко, рускиот бизнисмен кој речиси пет години несебично инвестира во „црвено-црното“ семејство.

Често е тивок и не се појавува пред медиумите, но овој пат, Самсоненко реши да ја прифати поканата за интервју на Gol.mk и отворено даде одговор на сите прашања поврзани со неговата иднина, РК Вардар, ЖРК Вардар, ФК Вардар, управата, клупската инфраструктура, буџетите и шпекулациите кои кружат во јавноста.

Во продолжение следи првиот дел од интервјуто со Сергеј Самсоненко, а деновиве на нашиот медиум очекувајте ги вториот дел, кој е посветен на ракометот, како и третиот дел – дедициран на фудбалот.

Разговара: Мартин Танасковски. Фото: Филип Вирановски

Во Македонија живеете од 2006 година. Се чувствувате ли исто како и кога дојдовте?

За шест месеци, ќе навршам 12 години како сум во Македонија. Се чувствувам многу добро во оваа земја, таа е навистина убава и ја чувствувам како моја. Има добри луѓе. Некогаш има меѓу луѓето проблеми и љубомора која е беспотребна, но генерално – луѓето се многу добри и слични по карактер и менталитет со луѓето во Русија. Тоа е главната причина зошто сум тука, а не на друго место.

Инвестирате пет години во целиот спорт. За толку кратко време успеавте да направите европски шампион во машкиот ракомет, вицешампион во женскиот и фудбалски учесник во Лига Европа.

Клучот на успехот во вардаровото семејство е многу работа и посветеност. Секако, тука е и спортската среќа која секому му е потребна. Во женскиот ракомет и во машкиот ракомет и во фудбалот направивме големи успеси. Можеби изгледа дека во женскиот ракомет проектот завршува без успех затоа што нема злато, но тоа е погрешна слика. ЖРК Вардар досега не бил на врвот на Европа, но од првата година константно сме на Ф4. Од основањето, па сѐ до крајот. Ние сме единствена екипа од цела Европа на која ѝ успеало тоа. Рамо до рамо со нас беше Будуќност, кој четири пати по ред играше на Ф4, но сега само Вардар е со такво достигнување. Тешко е да се остварат големи резултати, посебно во машкиот ракомет, каде е поголема конкуренцијата. Но, ете, ние успеавме да донесеме европско злато, европско сребро, европска бронза и да бидеме првиот тим кој играл во групната фаза на натпреварување на УЕФА.

Кога влеговте да инвестирате во Вардар, дали беа кај вас поставени овие очекувања? Се очекуваше ли за пет години да се дојде до спортски успех каков што во Македонија досега немало?

Секогаш имавме и сѐ уште имаме највисоки очекувања. На пример, во фудбалот јас сакав да ја освоиме Лига Европа, но тоа е нереално ако сме искрени. На секој меч секогаш сакаме да победуваме, во сите колективи. Без исклучок за кого и каде се работи.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

loading...