Тоа е суровата реалност – Писмо од младата македонска изгубена генерација

АКЦИЈА
loading...

Станавме нација која се дебелее од леб, затоа што за месо нема пари. Станавме земја на исфрустрирани родители затоа што на децата не можеме да им овозможиме ни стоти дел од нормалните работи што ги посакуваме. Станавме земја на раскарани сопружници затоа што постојано сме под стрес, постојано нервозни, хронично несреќни.

Станавме губитници, а не ни е јасно зошто. Чесно завршивме школи, чесно ја работиме својата работа, но оваа држава не е задоволна – нè цеди додека не цркнеме и нè убедува дека така мора. Дека така треба. Дека тоа е совршено нормално. Побргу би нè погребале, но не можат додека плаќаме даноци и придонеси. Наместо да викаме „Сакаме подобро!“, ние шепотиме дека може да биде и полошо. Нема стремеж кон посреќен живот, туку само страв од поголема несреќа.

Срамно ја нарекуваат минималец најниската плата во овој дел од светот, со која не можат да се покријат ни минималните трошоци. Двајца родители на минималец, со две деца дома, се подготвуваат за купување зимски јакни како да станува збор за купување нов автомобил. Нашите работници се најобесправени во Европа.

Немаат пари да се лекуваат, да ги поправат забите, да ги зашијат чевлите. Штедат на огрев, крпат една дупка додека друга се отвора, должат за струја, за дрва, им доаѓаат извршители, стравуваат дека ќе останат и без она малку што го присобрале. А потоа се разболуваат, па и болни одат на работа, затоа што е луксуз да се отиде на боледување. За тоа време цената на трудот се зголемува три-четири денари. Нè убедија дека и тоа е нормално и дека така треба.

Ни ги понижија родителите на старост, ги натераа да копаат по контејнерите наместо по години работа да избираат бањи каде што малку ќе закрепнат, ќе ги намалат болките, ќе го подобрат здравјето. Наместо да си играат со внучињата, ги гледаат преку „Скајп“ затоа што од оваа земја заминаа сите што можеа.

Децата ни растат во уверување дека е нормално така да се живее, затоа што не знаат поинаку. За разлика од семејствата во нормалните земји, кај нас не можете да испланирате да отпатувате некаде со децата за време на празници, за децата да ви се запознат со други култури, да ги посетат знаменитостите од учебниците…

P.S Навистина не знам чие е писмово и кој го напишал ова… но веројатно е најтажната и најсуровата реалност опишана баш така како што е…

Пишува: Ивана Наскова на Фејсбук

loading...