ДУИ не милува кирилица во Министерство за земјоделство (ФОТО)

АКЦИЈА
loading...

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефрис Челику, на вработените од министерството им забранил да го користат кириличното писмо на документите на кои стои неговото име – покажува известувањето кое Челику на вработените им го пратил преку меил, објави порталот „Лидер“.

„Ве известувам дека документите што ќе се носат на потпис кај Државниот секретар, неговото име и презиме да бидат напишани со латиница“–пишува во дописот од кабинетот на Државниот секретар, во кој е доставен и пример за тоа како треба да изгледа неговото име.

Челику е предлог на ДУИ за оваа позиција, а со ваквото негово барање, се крши Уставот на Република Македонија, затоа што официјално писмо во земјава е кирилицата, а официјалните документи се пишуваат на македонскиот јазик. писмо.

loading...