(ВИДЕО) Австралијанецот кој со својата специјална крв спаси милиони неродени деца за последен пат даде крв

АКЦИЈА
loading...

Доброволниот крводарител од Австралија кој благодарение на својата ретка крвна група, како што се верува ги спасил животите на повеќе од два милиони неродени бебиња кои имале потреба од анти-Де имуноглобулин, за последен пат во Сиднеј минатиот петок даде крв. Овој 81-годишник упорно донирал крв преку 63 години и сега се пензионира.

Опкружен со мајки и нивните бебиња, Џејмс Харисон за последен пат ја даде својата „златна рака“ на медицинска сестра за да земе крв.

Плазмата на Џејмс Харисон е посебна по тоа што постојано произведува високо ниво на антитела особено потребни за производството на анти-де инјекции. Анти-де имуноглобулините се даваат на Ер-ха негативните мајки по раѓањето на децата кои се Ер-ха позитивни за да се спречи формирање на антитела кои би ги нападнале црвените крвни клетки на Ер-ха позитивни деца во идна бременост.

Донациите на Харисон им помогнале на повеќе од два милиони австралиски мајки безбедно да ги донесат своите бебиња во светот, објави Црвениот крст.
Харисон се инспирирал да волонтира на 15 години кога биле потребни 13 литри крв за време на голема операција.

Ова го поттикнало да почне да дава крв веднаш штом наполнил 18 години во 1954 година, што е многу порано од откритието на научниците за ретката комбинација на Ер-ха негативна крв и антителата анти-Де од крвта на Харисон.

loading...