Од каде ова пријателство на семејствата Заев и Харадинај?

АКЦИЈА
loading...

Aлбанското население во Македонија, како и во Косово, изненадeни се од семејното пријателство на Заев со Харадинај и остануваат со прст во устата!

Од каде ова моментно семејно пријателство меѓу двата премиера на соседните држави? Кој беше главниот медијатор на ова пријателство и каде е целта на ова пријателство? Можеби пријателството на Мендух Тачи со Харадинај семејно ги здружи Заев со Харадинај, за да влезе ДПА со бројни места во новата влада на Заев? Можеби? Ова се прашањата што ги поставува весникот на албански јазик „Лајм”.

Знаејќи за студените политички односи на Рамуш Харадинај со Али Ахмети, со цел и да ја порази ДУИ во исто време заплашувајќи го лидерот на оваа партија, Заев се спријателува со косовскиот премиер. Можеби пријателството на двајцата премиери станува политичка стапица за ДУИ, поради  затворената група од Куманово, чии членови за време на војната во Косово беа соборци со Рамуш Харадинај. Многу „можеби“, а и други можеби…

loading...