БЕСА ги прекинува преговорите за влез во Влада

АКЦИЈА
loading...

Партијата Беса на Биљал Касами одлучи да ги прекине преговорите со премиерот Зоран Заев за влез во владината коалиција, соопшти партијата.

Оттаму информираат дека преговорите со Заев траат повеќе од 4 месеци без конкретен договор и дека се поминати сите временски граници.

-Несакајќи Движењето Беса да биде заложник на техничите калкулации на парламентарното мнозинство, од денес ги прекинуваме сите разговори со премиерот на државата во делот на вклучување на Движењето Беса во Владата, соопшти партијата.

-Ние ценевме дека како што поминува времето, владеењето на Заев ќе почне да се ослободува од ДУИ, како дел од поранешниот режим на Никола Груевски, но, за жал, гледајќи ги субјектите кој секојдневно им се приклучуват на преговорите за проширување на парламентарното мнозинство, сега, не само ДУИ, туку и други елементи што биле дел од режимот на Груевски, вклучувајќи и тие што се директни актери за немилите настани на 27 април минатата година, се гледа како пуштат длабоки корени во ова влада што полека го губи и епитетот на реформска влада, пишува во партиското соопштение.

Движењето Беса најави дека ќе биде конструктивна опозиција и ќе ги поддржи реформите што ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните, демократизацијата на државата, владеењето на правото и интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ.

loading...