ВРЕМЕНСКА АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ

АКЦИЈА
loading...

Во текот на денешниот саботен ден иако влијанието на циклонот ТОДОР над нашата држава и натаму останува сепак ќе имаме посмирена атмосфера.

Времето во текот на претпладнево ќе биде претежно сончево со мала локална облачност додека во попладневните часови особено на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален пороен дожд и поретки грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

loading...