ГО МЕНУВА ИМЕТО, А ГО ЛАЖЕ НАРОДОТ

АКЦИЈА
loading...

Преговорите за името на Македонија со јужниот сосед влегуваат во жешка фаза. Додека од една страна прмеиерот Зоран Заев ја убедува македонската јавност дека нема да се прифати менување на уставот и недостоинствено име, грчките весници навестуваат решение кое ќе значи целосно прифаќање на грчките барања во период од две години. Според нив Македонија во тој период ќе остане без членството во НАТО и ЕУ.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

„При првото читање, најважниот елемент на оваа верзија на договорот е појавувањето на намерата на соседите да го прифатат за севкупна употреба (ерга омнес) името што ќе се договори (преовладуваат имињата Горна Македонија, Нова Македонија)“, пишува грчкиот весник „Та неа“. Весникот коментира дека македонската страна го менува ставот за употреба на уставното име во внатрешноста на земјата.

Според информациите на весникот, договорот не може да биде сега и веднаш туку се дава време, најверојатно две години за имплементација на ерга омнес. Македонската страна сметала, пишува „Та неа“, дека овој временски период од две години е задоволителен за да се направат потребните уставни промени, дали со или без распишување на избори.

Вчерашната изјава на Заев дека со договор за името Македонија ја впишуваме во катастар, добиваме ЕУ и НАТО, пари, економска стабилност, може да се преведе како став на владата дека се подготвени да го сменат името на државава, а за тоа да земат и пари.

– Тоа е многу важно, бидејќи треба да се знае што добиваме, а добиваме перспектива, добиваме иднина, добиваме имотен лист, ќе впишеме во катастар Република Македонија, ќе добиеме НАТО и ЕУ, граѓаните ќе добијат повеќе пари, економска стабилност. Сето тоа за мене е чин на патриотизам, и јас верувам дека сите чинители, заедно, ќе го направиме чекорот за да се надмине ова последно отворено прашање кое го има нашата држава, а потоа растоверени да се посветиме на перспективите – рече вчера Заев.

Според Заев, очекувањата се да има решение пред да одлучува Европскиот совет.

-Тоа е крајот на јуни, бидејќи тогаш ќе бидеме сигурни дека ќе добиеме датум за преговори, а познато е дека поканата од НАТО е по автоматизам, рече Заев.

Со овие најави тој ретерираше од своите претходни изјави дека е за достоинствено решение на спорот за името, најавувајќи прифаќање на промена на уставот.

Во секој случај било какво решение, нема да значи по автоматизам и влез во НАТО, како што најавува актуелната македонска влада.

loading...