Хоџа: Се повлекувам од советничката позиција

АКЦИЈА
loading...

Џезаир Шаќири кој пред една недела беше именуван за советник на премиерот, поднесе оставка. Тој во изјава за НОВА ТВ вели дека за повлекувањето разговарал и со премиерот Заев.

„ Му најавив на премиерот дека се повлекувам од функцијата бидејки не сакам да му наштетам нему, а особено не на земјава кон патот на ЕУ и НАТО – тој е единствениот политичар кој ме разбра и тоа е уште една причина зошто не сакам да му пречам во неговата работа – рече Шаќири за НОВАТВ.

Шаќири вели дека премиерот имал притисоци за неговото назаначување од ДУИ и од ВМРО ДПМНЕ кои според негови информации притискале кај дипломатите.

„Тоа што се повлекувам од функцијата не значи дека сега Танушевци и тој регион нема да бидат под контрола на државата – Танушевци и тој регион се безбедни рече Шаќири кој останува да живее во Скопје со своето семејство.

Премиерот Заев денеска од Охрид изјави дека контактирал со Хоџа кој му најавила дека ќе се повлече од советничката позиција бидејќи и нему му пречеле реакциите во јавноста.

Џеазир Шаќири беше именуван за надворешен советник за безбедност со плата од 36 000 денари.

Командант Хоџа учествуваше во конфликтот во 2001 година и е на американската црна листа, заедно со уште некои негови колеги поранешни команданти на ОНА. Беше амнестиран по конфликтот, а во 2007-ма повторно се одметна и објави независност и припојување на родното Танушевци кон Косово.

loading...