(Видео) Моите соборци ги уништија „тигрите“ во Куманово

АКЦИЈА
loading...

Новиот советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа кажа дека е горд на неговите поранешни соборци од УЧК кои убија 8 и ранија 37 полицајци во терористичкиот напад пред три години во Куманово. Хоџа тоа го кажал за телевизијата КТВ додека Македонија, вчера на тригодишнината од Диво Насеље им оддаваше почит на загинатите полицајци, а Заев беше во посета на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Јас сум горд што ми биле другари, се бореле како лавови.Биле предадени и сепак издржале се до последен момент онака како што им доликува на јунаците слични на на Мит Соколи на нашата нација, рече тој во интервју за KTV.

Актуелниот советник на Заев искажува своевидна гордост за големиот број на припадници на македонските безбедносни сили во тоа време.

Да кажам само еден пример, единицата „Тигар“ има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 % од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми, истакна командант Хоџа.

loading...