Четворица косовари нелегално ја снимале тетовската касарна со телефон

АКЦИЈА
loading...

Четворица косовари со мобилен телефон, вчера незаконски ја снимале тетовската касарна.

Инцидентот како што информираа од полицијата се случил во 16.20 часот на ул. „Фуштанска“ во Тетово, кога четири непознати лица со автомобил „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.

На незаконското снимање реагирало обезбедувањето на касарната,по што лицата избегале, за случајот била известена и полицијата која веднаш започнала потрага по непознатите .

Во 17.45 часот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај селото Глоѓи, полициски службеници го сопреле голфот во кое се превезувале Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), сите од Косово, по што биле приведени во СВР Тетово.

Засега полицијата не соопштува која им била намерата на четворицата косовари нелегално да ја снимаат касрната со војници во тетово. Само кусо соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

loading...