Замислете ги развиените држави со нашиот судски систем

АКЦИЈА
loading...

Замислите ги оние снимки од Хашкиот трибунал, на кои не би се гледале ликовите на судиите и обвинителите, туку само на обвинетите. Замислете во хашкиот трибунал судија да фалсификува записник, или да се раздере на некој адвокат или обвинет, или да види дека на обвинителот не му е денот, или не знае како да се снајде, па тој судијата да ја одработи и неговата работа.

Замислите во Хашкиот трибунал тортура на обвинетите со секојдневни рочишта за различни предмети и со 12 часовни судења. Замислете судиите еден ден да носат една одлука, па по некој ден откако некој ги обработил да си ја поништат одлуката пред сите јавно, и да донесат обратна од таа одлука.

Замислите во Хашкиот трибунал како за еден политичар снимките се пуштаат без јавност, а за друг со сите новинари седнати во судница, а притоа за првиот снимките се легално прибавени, а за вториот нелегално.

Замислите во Хашкиот трибунал на еден обвинет да му закажуваат рочиште на два месеци, а на друг секој ден по 12 часа на ден. Замислете во Хашкиот трибунал, обвинителите секој ден да се на кафе кај судиите и да се договараат како да ја надмудрат одбраната, а притоа рочиштето доцни и надвор стојат и чекаат обвинетите и адвокатите.

Замислите во Хашкиот трибунал на обвинетите да не им даваат копии од доказите. Замислете во Хашкиот трибунал судија кој процесот го води на начин што нескриено навива за обвинителството, ги понижува обвинетите и најнеобразован човек може да погоди каква ќе му биде пресудата.

Замислите неколку судии во Хашкиот трибунал кои ќе се потепаат меѓу себе за тоа кој прв да го заврши судењето и да ги осуди неправедно обвинетите за да биде унапреден и да не биде казнет. Замислете таму судии кои работат спротивно на правилата и законот и кога ќе им се укаже на тоа со прецизно образложение, оддеднаш да скокнат и со урлање да му го одземат зборот на адвокатот и да му се заканат дека ќе го казнат.

Замислите…..не можете да замислите. Тоа го има само во Македонија, во случаите на СЈО против луѓето од ВМРО-ДПМНЕ.

Писмо од читател до курир.мк

loading...