Со што е задолжен Заев? Го отплаќа ли ангажманот на Мухамед Зекири во СДСМ?

АКЦИЈА
loading...

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е веројатно најуспешниот висок функционер во СДСМ кога станува збор за навремено згрижување на носителите на партиски активности во проектот наречен 50.000 албански гласа за СДСМ. Од доаѓањето на власт на СДСМ, Зекири независно од политичките прилики и набиената агенда на Заев успева да ги вдоми еден по еден сите клучни луѓе кои со него работеа на терен за здобивање на албански гласови во корист на СДСМ.

Прв на листата се најде Џеват Исени од скопско Нерези кој беше вдомен како претседател на бордот на директори на јавното станбено претпијатие. Џеват во кампањата и после доаѓањето на власт започна со политичка одмазда врз сите вработени во претпријатието кои биле раководен кадар кој не е по мерка на СДСМ. На фотографиите кои ги објавија медиумите истиот со пиштол во рака славеше по кафеани во чест на формирањето на влада на СДСМ. Негов таргет гласачи беа жителите на Нерези и селата позади Водно.

Втор на ред за вдомување беше Рамадан Рамадани, познатиот верски отпадник од ИВЗ, кој едно време се отцепи од ИВЗ и одржуваше верски обреди во една од окупираните скопски џамии. Во 2015 година од Либија и се закани на македонската јавност дека кога ќе се врател ќе се правела мајска свадба со насилство. Со ваквиот негов став го предизвика вниманието и на безбедносните служби во Македонија и пошироко но тоа не беше пречка да добие место директор на Културниот Центар на Македонија во Истанбул, Република Турција. Негови таргет гласачи во корист на СДСМ беа сите радикали од Чаир и Скопската Чаршија.

Трет на листата, овојпат за унапредување, се најде Рефик Черими од МВР кој со помош на Зекири е назначен за главен советник на Оливер Спасовски. Улогата на овој соработник на Зекири беше анимирање на Албанците во безбедносните институции да гласаат за СДСМ што може да се види од безбројните седенки на кои тој сам или во друштво на Зекири ги анимираше припадниците на безбедносните институции во политички цели.

Четвртиот и засега најпопуларен на листата е Џезаир Шаќири попознат како Командант Хоџа од Танушевци. Овој славен командант од епопејата на УЧК од 99та и 2001 па навака беше назначен за советник на Заев за внатрешна безбедност и во борбата против радикализмот. Во неговото родно село Танушевци во 2001 година загинаа 3 војници, а 19 беа повредени. Освен во реонот на Танушевци, Хоџа оперираше и во кумановско-липковскиот регион како и на територијата на Јужна Србија, поточно во селата околу Бујановац. Во убиството на полицаец во ТЦ Чаирчанка истиот во некои информации се посочува како директен извршител. Во кампањата за СДСМ преку Зекири учествувал во анимирање на гласови по селата во Карадачкиот регион како и на дел од негови соселани кои живеат на улица Дижонска во Чаир.

Зоран Заев преку Мухамед Зекири доби контингент на гласови со кои направи простор да стане премиер и затоа сега мора приоритетно да ги фактурира долговите кон оваа структура независно што целокупната македонска јавност реагираше при назначувањето на Командант Хоџа за владин советник. Внатрепартиските реакции во СДСМ се далеку побесни но поради стравот од Заев засега нема како да се артикулираат. Проблемот е што при анимирањето се потпреа на луѓе со криминално или радикално минато кои биле безбедносен ризик и проблем на македонските безбедносни органи во одреден период. Исто така дел од овие лица како Хоџа не е исклучено и да биле во одреден период и соработници на странски безбедносни служби па дури и нивни државјани, за што постојат повеќе информации по разноразните форуми на албански јазик на интернет.

Инфомакс

loading...