АНОНИМНО ПИСМО ОД ЕСЗ „ТИГАР“ ДО ИНФОМАКС: Командант Хоџа барал податоци за нашите имиња и адреси, бараме Владата и МВР да ни ја гарантира безбедноста!

АКЦИЈА

До редакцијата на Инфомакс.мк, пристигна писмо потпишано од припадниците на ЕСЗ „Тигар“ кои се загрижени по информацијата која пристигнала до нив, дека првото барање на Командант Хоџа откако станал советник на Заев, бил список на вработени лица во специјалната единица

„Тигрите“, како што пишува во писмото се загрижени за нивната, и безбедноста на нивните семејства, и бараат од надлежниот министер да ги заштити нивните податоци, кои доколку паднат во погрешни раце ќе значат и директна закана кон животот и безбедноста на нив и нивните семејства.

„До редакцијата на Инфомакс, Скопје

Се обраќаме анонимно со цел заштита на нашите податоци и безбедноста на нашите фамилии. Ние сме припадници на ЕСЗ Тигар повеќе од 17 години, веднаш по прославата на 7-миј викендов добивме информација дека новиот советник на премиерот Заев Командант Хоџа побарал преку МВР да му бидат доставени податоци за сите припадници на специјалните единици на МВР и нивните адреси. Ние како припадници на ЕСЗ сме крајно револтирани од ваквиот потег бидејќи ако му бидат доставени тогаш нашите фамилии ќе бидат загрозени. Ние тоа нема да го дозволиме. Наши колеги по 2001 дадоа жртва со живот и трајни повреди при апсењата на личноста како Чакала и Хоџа кој сега е во влада а другиот на слобода.

Дали премиерот и министерот Оливер Спасовски ќе ни ја гарантираат нашата безбедност а пред се на нашите фамилии? Нема што Хоџа да има податоци за нас кога тој се бореше против нас. Ние остануваме на нашиот став без разлика на сите притисоци кон единицата дека овде ќе има место само за најспособните и никако несмее да служиме за пазарање во нивните коалиции за власт.“ – стои во анонимното писмо доставено од припадниците на ЕСЗ „Тигар“ до Инфомакс

Авторите се познати на редакцијата.

loading...