Зеколи: Али Ахмети е македонскиот Јасер Арафат (ВИДЕО)

АКЦИЈА

Предоминантно ми е тоа чувство дека реформите се одвиваат само на хартија, дека сето тоа го правиме фино на хартија за Могерини, Хан или некој друг, изјави во вечерашниот дуел со Гордан Георгиев во „Само вистина“, Арсен Зеколи.

– Знаете што, за една година нема да ги има ни еден ни друг. И тука се поставува прашање, дали тука имаме можеби една непреинципиелна коалиција на премолчување. Бидејќи на Могерини и на Хан им треба успех во последната година на владеење, а на оваа Влада ѝ треба успех на било што – изјави Зеколи, додавајќи дека мора да се фокусираме на реформите кои се бараат во извештајот на Прибе.

– Не мислам дека името ќе се реши и дека Македонија ке влезе во НАТО до следниот самит, но искра на надеж е дека се можни паралелни прегови со ЕУ – изјави Георгиев.

Зеколи додаде дека луд е оптимизмот на СДСМ по прашањето за ДУИ.

– Али Ахмети е македонскиот Јасер Арафат. Јасер Арафат никогаш не се повлече од политичката сцена – изјави Зеколи.

loading...