Утре можен чочек во Прилеп

АКЦИЈА
loading...

Извор: Маркукуле

Во основното општинско училиште “Рампо Левката” во Прилеп, утре според најавите ќе се отвори новата детска градинка, која според претходно најавеното ќе значи простор за 100 дечиња од предучилишна возраст.

Ваква најава имаше и претходно, но нешто ги попишмани властите.

Според информациите кои ги добиваме утре градоначалникот Јованоски заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе ја пресечат лентата на новата градинка која беше готова уште во октомври минатата година.

Министерката Царовска заедно со Јованоски утре несомнено ќе морат да одговорат и за скандалот со сместувањето на деца во детските градинки во Прилеп.

Имено според она што го добивме до нашата редакција, а го објавија и повеќе други медиуми, децата во градинките се сместувале со ургенции и по партиски клуч?!

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”КАКО ПОЛИТИЧКИ СЕ СМЕСТУВААТ ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ, А МИНИСТЕРКАТА МОЛЧИ??”

Градинката е сместена во преадаптиран простор на првиот кат од улилиштето. Истата ја започна претходната локална власт и градоначалникот Марјан Ристески кон средината на минатата година.

Инвестицијата за оваа градинка беше најавено дека изнесува 3 милиони денари, а таа ќе има капацитет да прими околу 100 дечиња.

Новата градинка се состои од 4 училници, нови санитарни јазли, мини детско игралиште, посебен влез и ги поседува сите потребни елемени за згрижување на децата од предучилишна возраст. Истата требаше да започне со работа уште во месец октомври, но поради непознати причини отварањето на оваа градинка се одолговлечи цели 5 месеци.

За потсетување е и тоа дека во последните години капацитетот на ЈОУДГ „Наша иднина“ од Прилеп се прошири за околу 200 места.

Се проширија капацитетите во постоечките градинки, се отвори нова градинка во Работничкиот универзитет “Пере Тошев”, а нови градинки добија и населените места: Канатларци, Беровци, Тополчани и Големо Коњари.

Градинката во ООУ “Рампо Левката” ќе биде од огромно значење за Прилеп, особено за населбите “Корзо”, “Чачорица” и “Тапани”.

Во програмата на Министерството за труд и социјална политика се планираше Прилеп да добие и градинка со голем обем, која би се градела во населбата “Точила”. Со овој проект се планираше да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст од овој дел на градот, а нова градинка од голем обем требаше да добие и населбата “Рид”.

loading...