Пробајте: Традиционални унгарски тестенини со сирење и сланина

АКЦИЈА
loading...

Турош чуса е фантастично предјадење што постојано ќе го подготвувате.

Овој специјалитет се подготвува со тестенини, германско сирење и сланина. Воглавно се јаде како самостоен оброк, и тоа најчесто како појадок. Понекогаш се служи и како прилог со гулаш или рибна чорба. Доколку сте љубители на унгарската кујна, мора да го пробате ова фантастично, едноставно јадење.

Потребни состојки: 

1 пакување широки тестенини
250 грама сланина
300-350 грама свежо кравјо сирење
1 голема павлака
сол, малку бибер

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините во посолена вода, исцедете ги и истурете врз нив малку масло (за да не се лепат тестенините). Исечете ја сланината на коцки, пропржете ги во тавче додека не станат малку крцкави.

Во топлите тестенини додајте павлака, промешајте, потоа додајте го сирењето и сето тоа добро соединете го. Ако е потребно, посолете и додајте малку бибер, по вкус. На крајот, кога ќе сервирате, додајте крцкава сланина и послужете.

Напомена:

Ова јадење можете да го послужите со пилешко или со добар јунешки гулаш. Добар апетит!

loading...