Компир на бугарски начин, хит во регионот (видео + рецепт)

АКЦИЈА

Направете совршено мек компир внатре, а крцкав од горе.Ова е видео рецепт за компир на бугарски начин.

СОСТОЈКИ: 

1 кг. компир
100 гр. маргарин
30 гр. брашно
3 јајца
100 гр. кашкавал
бибер
сол

ПОДГОТОВКА: 

Се мие компирот, се вари во солена вода, излупете го, па потоа изрендајте го.

Ставете сол и ставете го во намастен плех со брашно.
Јајцата добро изматете ги, па додајте го маргаринот растопен, а потоа додајте и брашно и бибер.

Ставете го ова врз компирот.

Ставете изрендан кашкавал и печете на 180 степени 30 минути.

Служете со кисело млеко.

loading...