СЛОБОДАТА ЛЕЖИ ВО СРЦЕТО НА СЕКОЈ ЧОВЕК

АКЦИЈА
loading...

Кога слободата умира внатре во срцето, ниту еден Устав, ниту еден закон, ниту еден суд не може да ја спаси; ниту еден Устав, закон, суд, може да направи нешто повеќе за да помогне во СПАСОТ НА СЛОБОДАТА!

ОВАА ГОЛЕМА ВИСТИНА ја открива нашата исконска потреба од ТРАНСФОРМАЦИЈА во нашите срца!

На Македонија и е потребна ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО МЕНТАЛИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ, нивно целосно ослободување од СИТЕ СТЕГИ, и доаѓање до чистата слобода!

Трансформацијата бара ПРОМЕНА ВО СРЦАТА НА НАРОДОТ!

ОСЛОБОДЕНИТЕ СРЦА НА СЕКОЈ ЧОВЕК, НА СЕКОЈА ЖЕНА ЌЕ ЈА ДОНЕСАТ НАЦИОНАЛНАТА СЛОБОДА ВО ДРЖАВАТА!

Живот без стравови, без закани, без притисоци, без политички и партиски влијанија, без предрасуди- ЧИСТА СЛОБОДА ШТО ИЗВИРА ОД СРЦЕТО!

ДОСТА ВЕЌЕ ГИ МАФТАТЕ И ЛАЖЕТЕ ЛУЃЕТО!

Кажете јасно и гласно дека нашето уставно и државно име не може да се реши со еден или со два амандмани во Уставот, како што упорно се пењавите вие во СДС.

НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО!

Прогласете ги за пропаднати преговорите затоа што само тоа е логично, нормално и вистинито!

Смешни сте, глумите паљачовци во очите на сите и дома и пред меѓународната заедница!

Преговарате за РАБОТИ ЗА КОИ НЕ СЕ ПРЕГОВАРА!

Ви се смеат зад грб и се крстат со две раце од што материјал сте направени!

Никаков амандман/и што мислите да ги ставите во Уставот нема да бидат прифатени!

НЕМА ДА ВИ ПОМИНАТ!

А згора на се, Грција нема да се задоволи само со еден или два амандмана, како што малоумно не убедува Бујар Османи, туку ќе бара и гаранции за спречување на некаков божемен иредентизам кој НЕ ПОСТОИ! И Судот во Хаг рече дека НЕ ПОСТОИ!

Грција бара целосно збришување на Македонците од картата на народи! САМО ТОА Е ЦЕЛТА И ВИСТИНАТА!

Маската зад која се кријат е формулата erga omnes за име кое ќе биде за севкупна употреба!

За промена на ДРЖАВНОТО ИМЕ, и на нашиот ИДЕНТИТЕТ НЕ МОЖЕ ДА ОДЛУЧИ НИТУ ЕДНА Македонска Влада.

Од друга страна, во Грчкиот палмамент нема да биде прифатен никаков меѓународен договор без гаранција за целосна промена на Уставот на РМ, бидејќи грчките политичари знаат дека со меѓународен договор не може да се создаде ново државно име, ниту идентитет на една држава или еден народ.

Само меѓународен договор, без промена на Уставот, за Грција е незавршена работа или едноставно според нив НИКАКВА работа!

Без нивната формула ЕРГА ОМНЕС сите договори ќе бидат читани како обична шминка без никакво правно дејство!

Тања КАРАКАМИШЕВА

loading...