Избувна пожар во зграда во Аеродром (Фото)

АКЦИЈА
loading...

Пожар избувна на покрив на зграда на ул. Владимир Комаров во Аеродром, јавува МИА.

Од полицијата информираа дека пожарот е пријавен пред десетина минути, а на местото веќе се наоѓаат четири противпожарни возила, а запрен е и сообраќајот.

Засега не е позната причината за избувнувањето на огнот.

loading...