Затвореникот кој избега од Алкатраз пред 50 години им испратил писмо на ФБИ

АКЦИЈА
loading...

ФБИ повторно ја отвориле истрагата за тројцата бегалци од Алкатраз откако добиле писмо за кое се верува дека е испратено од еден од нив.

Кларенс Англин, кој избегал заедно со својот брат Џон и затвореникот Френк Морис во 1962 година, наводно, напишал писмо до агенцијата нудејќи се да отслужи уште една година затвор, во замена за лекување од рак. Писмото е од 2013 година, но оваа година беше прикажано на јавноста.

Според KPIX, во писмото го пишува следново:

„Моето име е Џон Англин. Јас избегав од Алкатраз во јуни 1962 година со мојот брат Кларенс и Френк Морис. Имам 83 години и сум во лоша состојба. Имам рак. Да, сите ние преживеавме таа ноќ, но едвај! Френк почина во октомври 2005 година. Неговиот гроб е во Александрија под друго име. Мојот брат почина во 2011 година.

Ако објавите на телевизија дека ќе ми биде ветено прво да одам во затвор, не повеќе од една година и да добијам лекарска помош, ќе ви пишам повторно за да знаете точно каде се наоѓам. Ова не е шега, ова е чесна вистина.”

Алкатраз бил изграден како затвор од кој “никој не може да избега” и се наоѓа на свој остров во заливот Сан Франциско, на 2,4 километри од копното, опкружен со силни и непредвидливи струи.

Се знае дека 36 луѓе се обиделе да побегнат од Алкатраз, иако се верува дека никој од нив не успеал во тоа. Мистеријата околу браќата Англин и Морис, кои избегаа во 1962 година, никогаш не беше решена – и е инспирација за филмот “Бегство од Алкатраз” од 1979 година.

Се верувало дека тие се удавиле, но ова никогаш не било потврдено.

Според Telegraph, некои членови на семејството Англин тврдат дека тројцата мажи преживеале и со години комуницирале со нив.
Алкатраз, кој во превод значи “Островот на пеликаните”, првично беше воена тврдина и затвор во 1850-тите, во кој биле држени унионистички дезертери, како и конфедеративни симпатизери за време на граѓанската војна.

Министерството за правда на САД, го преземал островот во 1933 година и го отворил како затвор во 1934 година.

Во него биле сместени некои од најпознатите криминалци во американската историја, вклучувајќи ги и Ал Капоне и мафијашот од Бостон, Вајти Булгер.

Затворот бил затворен во 1963 година.

Денес можете да го посетите островот и да ги видите обележјата во кои се наоѓаат главната ќелија, мензата, библиотеката, светилникот, урнатините од зградата на чуварите, теренот за постројување, зградата 64, водоводната кула и дворот за рекреација.

loading...