Власта ќе удри по џебот на граѓаните

АКЦИЈА
loading...

Власта не се откажува од намерата да ги зголеми даноците. Ќе ја полни државната касата од џебот на граѓаните, но и од нови задолжувања. Министерот за финансии најави дека владата ќе го тера проектот за прогресивен данок.

Власта ќе удри врз џебот на граѓаните – не се откажува од зголемување на даноците
Aко сакаме инвестиции ќе плаќаме повисоки даноци. Владата за домашната економија ќе собира пари од зголемени давачки од граѓаните. А во меѓувреме ќе продолжат и задолжувањата. Министерот за финансии Драган Тевдовски јасен – без задолжување нема вложување. Но за какво вложување не објаснува.

Ги споменува секторите здравство, транспорт и градежништво. Иако власта досега нема ниту најавени ниту завршени проекти. Иако од позиција на опозиција сдсм беше најгласна за задолжуавњето, издавањето на обврзници, сега за министерот за финансии тоа е сосем нормален тек во економијата.

Владата не се откажува од воведувањето на прогресивниот данок, иако за голем дел од експертите оваа мерка ќе ги избрка квалитетните луѓе надвор од нашата држава.

Поранешниот министер за финансии Трајко Славески вели дека прогресивниот данок ќе удри по џебот на граѓаните, но и по кондицијата на фирмите.

Но тука математиките на власта не застануваат. Се зголеми акцизата, а се најавува и промена на голем дел од даноците во наредните неколку години.

Експертите велат дека стопанството треба да биде поттикнато, а не да добива уште еден сериозен удар.

Инаку, власта најавуваше субвенции и бенифити за македонските фирми, им ветуваше дека ќе ги добијат истите поволсти како и странските компании, но сега најавува само зголемени давачки.

Познавачите на состојбите велат дека тоа сериозно ќе се одрази врз новите вработувања.

loading...