Во трка за пари не успеав да ги гледам децата како растат, ги чуваше баба од утро до мрак, пораснаа за миг, а јас не се збогатив

АКЦИЈА

Во трка за пари забораваме за многу други вредности во животот, кои се далеку поважни од материјалната состојба.

Весна е мајка од Скопје. Таа сега има речиси 50 години. Има две ќерки. Се омажила на 20 години. Брзо после тоа ја родила првата ќерка. Кога таа имала само четири месеци, на Весна и излегла шанса да работи како чевлар во приватна фирма. Пред 30 години, чевларската индустрија била ценета и добро платена. Не дека имала некој голем зор за да работи, бидејќи и сопругот и работел, свекорот бил во странство, но ете решила барем да си има некој денар за себе. Од тој момент детето го оставила да го чува свекрвата, баба на детето.

-Бев млада, тогаш не размислував како сега. Како вчера да беше се сеќавам, а мојата ќерка има сега речиси 30 години. Излегував наутро, се враќав попладне. Некогаш кога имаше работа, останував и покасно на работа. Бабата беше таа која ги забележа првите заби, првите зборови, првите чекори… После четири години ја родив и другата ќерка. Седев 9 месеци на боледување и пак се вратив на работа. Повторно и тоа дете го оставив на баба. Работа од утро до мрак. Во трка по пари, но знаете, никогаш не се збогатив. Знам дека исто би било и кога не би работела, само ќе си имав простор за децата, да им се радувам, да ги гледам како растат. Баба ги праќаше во училиште, баба ги пречекуваше. Таа ги облекуваше. Знаеја да ме чекаат со часови за да им помогнам околу домашната задача. Сека кога ќе се навратам назад срцето ме боли. И да, на родителски состанок одеше баба, ние со сопругот на работа. Децата ми пораснаа за миг, а јас не успеав да им се израдувам, да ги гледам. Денеска се омажени и двете. Повторно не се со мене, ниту јас со нив. Ми фали време со нив. Денеска имам внуци, но постојано ги советувам моите ќерки, да не ја прават истата грешка како мене. Еднаш се чуваат деца. Еднаш само можеш да уживаш со нив, да ги гледаш и да им се радуваш, раскажува Весна.

loading...