ТЕПАЧКА ВО МНР: Член на кабинетот на Димитров претепал вработен во МНР

АКЦИЈА
loading...

Владимир Сарафов е кадар на новиот државен секретар во МНР Виктор Димовски. Тој е член во кабинетот на Никола Димитров, и е човекот кој во февруари 2018 физички нападнал свој колега во канцеларија во МНР при што му нанел тешки телесни повреди кои морале да бидат санирани со неколку конци на устата и вилицата. Вистинската причина поради која дошла до физичкиот напад е нарачка од државниот секретар Виктор Димовски за смислена провокација кон вработен во МНР со цел негово бркање од работа поради измислено присуство пред Собрание на 27 април.

Вработениот токму кога се случија настаните од 27 април бил на пат во Брисел и во ниту еден случај не можел да присуствува пред македонското Собрание. Гневен поради погрешните информации кои ги доставил до МНР, а со кои сакал да изигрува и истражен орган и судија, Димовски го насочува Сарафов да го испровоцира вработениот со цел да добие основ да го избрка од работа само поради различни политички ставови и како мета на политички реваншизам.

За возврат Виктор Димовски му ветил на Сарафов дека ќе биде испратен на мандат во Австрија, каде исто така учествувал во физички пресметки во минатото, доколку успее да го испровоцира вработениот. Бидејќи Сарафов во минатото се занимавал со боречки спортови е дел од екипата на Љубе Бошковски од времето кога тој е министер за внатрешни работи за време на воениот конфликт во 2001 година , не му успеал обидот да го испровоцира својот колега па гневен поради својот личен неуспехот му задал неколку удари по главата по што морало со хируршка интервенција да му се санираа расечената усна и останатите повреди на главата.

Повредениот вработен ангажирал адвокати кои случајот го водат пред надлежните комисии во МНР, но по класичен полициски рецепт сега и тепачот со фалсификуван лекарски извештај пред комисиите во МНР тврди дека бил нападнат. Епилогот се уште е непознат бидејќи се чека одлука и на МНР Димитров во чиј кабинет работи Владимир Сарафов. Без оглед на се останува непријатната вистина дека ваков настан може да се случи во врвна институција која се занимава со дипломатија. Станува очигледно дека независно каде и да се распоредени скандали ги следат партиските кадри на СДСМ и на Зоран Заев.

loading...