НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО НА ПОПОСКИ: ЕВЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ

АКЦИЈА
loading...

Денес (петок) во текот на претпладнево времето во државава ќе биде умерено облачно со сончеви периоди ( повремено и подолги) а доцна претпладне и околу пладне ќе има услови и за слаб локален дожд.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен и од источен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 24.04.2018 година од 11:00 часот, автопатот Демир Капија – Смоквица е целосно оспособен за одвивање на сообраќај. За користиње на истиот (во правец Скопје – Гевгелија) на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија.

Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца- Царина) низ национален парк Галичица, од 30.04.2018, е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

loading...