Змија на арената „Филип Втори“ – Видео

АКЦИЈА
loading...

Змија се најде на трибините на Арената за време на мечот меѓу Вардар и Скопје, токму каде што седеа сопругите и девојките на гостинските фудбалери

Националната Арена „Филип Втори” се претвори во змијарник!!! Нашата, нели гордост, се претвори во змијарник!!! Среќа наша што нашите стадиони се празни па тие влечуги нема ни кого да каснат.
Малку шега се разбира дека не е на одмет, но навистина не е за шега.
Имено на денешниот меч меѓу Вардар и Скопје, на трибините на „Филип Втори”, токму каде што седеле сопругите и девојките на гостинските фудбалери, се нашол и овој несакан „навивач”. Кога ја виделе змијата дошло до пискотници и чудење, но за среќа навреме реагирале редарите и опасноста минала.

loading...