ЦИКЛОН ТОДОР: ЗАСТРАШУВАЧКО НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ – ВЛЕГУВАМЕ ВО ПРВ СТЕПЕН НА ОПАСНОСТ!

АКЦИЈА
loading...

Циклонот ТОДОР веќе условува застрашувачко невреме во регионот а под негово влијание веќе сме и ние во Македонија.

Регионот влегува дури и во втор степен на опасност од ново големо невреме додека ние влегуваме во прв степен што значи целата територија на нашата држава влегува и во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради циклонот ТОДОР кој денес (четврток) ќе условува засилен ветер од југоисточен и од источен правец и истиот локално повремено ќе достигнува брзина до околу 70 км/час.

Попладне и навечер во западните предели особено на планинските места и на оние населени места кој се во близина на планините ќе има развој на нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Циклонот ТОДОР на времето во нашата држава ќе влијае со денови.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

loading...