ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГЕРМАНИЈА: Следува криза подлабока од 2008 година! (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Според индикаторот на германскиот институт ИМК, изгледите за избувнување на рецесија се зголемија на 32,4 проценти.

IMK предупредува на голема промена во политиката на централните банки, кои сега спроведува монетарни стеги, што на крајот ќе може да доведе до влошување на европската економија, па дури и нова рецесија.

Ризикот од рецесија значително се зголеми.

Ситуацијата е многу покритична од пред еден месец – предупреди ИМК.

Според показателот на овој институт, изгледите за појава на рецесија се искачени на 32,4 отсто, пред се поради проширување на трговската тензија и сериозното намалување на ликвидноста во светскиот финансиски систем.

Во исто време, индикатори на рецесијата во Германија сега се многу повисоки отколку што беа во 2008 година, кога Европа и во светот почна најголемата криза од Втората светска војна.

Новата криза, која ја немаше цела деценија, ќе биде многу поширока и подлабока од онаа во 2008 година, велат експертите. Тие велат дека деловните очекувања во Европа се намалија во првиот квартал и изгледите во Германија, која е локомотива на европската економија, драстично се влошуваат.

loading...