За родените во 50-тите, 60-тите, 70-тите и 80-тите во Југославија: Текстов не може да не ве погоди

АКЦИЈА
loading...

Прво, преживеавме и родени сме нормално, иако нашите мајки, кога имаа главоболка пиеле аспирин, јаделе конзервирана храна, чадена и работеле се до последниот ден на бременост и никогаш не биле тестирани за дијабетис …

Како деца, ние се возевме во автомобили без каиши и воздушни перничиња и немавме никаква шлемови за велосипедите или ролерите …

Ние пиевме вода од цревата во градина, а не од шише купено од маркетите, и не се заразивме.

Го делевме шишето кока кола или било кој сок со нашите пријатели, и никој не умрел поради тоа.

Јадевме млечен сладолед, бел леб и путер, пиевме кока кола и џус, кои навистина и тогаш беа преполни со шеќер, но не страдавме од прекумерна тежина, бидејќи цел ден игравме надвор, излегувавме наутро и игравме целиот ден, криенка, крадци и полицајци, кралица 1-2-3, каубојци и индијанци, и се друго што само детската имагинацијата можеше да го смисли и се така додека не се вклучеа уличните светилки кои во тоа време и ги немаше баш многу.

Често родителите неможеа да не најдат и по цел ден па родителскиот шамар беше дел од домашното воспитување, и не се сметаше за семејно насилство.

Ние цел ден правевме тркачки даски од отпадот од подрумите или шупите, се спуштавме по улица, заборавајќи дека не сме направиле сопирачки. По неколку падови, скршени прсти и модринки …

Ние научивме како да се реши проблемот. Немавме имагинарни пријатели. Ние пријателите не ги додававме туку ги стекнувавме !!!!!!!!!!!!!! Немавме проблеми со концентрација во училиште …

Нам не ни даваа апчиња за хиперактивност. Немавме училишни психолози и педагози, а ние сепак завршивме некој вид на училиште. Нам не ни продаваа дрога пред училиште …

Немавме игри, Нинтендо, Х-кутии, видео игри, 99 канали на кабелска телевизија, плеј стејшни (имавме само два канали на ТВ и тоа во попладневните часови), ние немавме видео рекордер, звучници, МОБИЛНИ, компјутери , интернет форуми…

Имавме пријатели и времето го поминувавме со нив! Ние падѓавме од дрвја, знаевме да се исечеме на стакло, да скршиме заб, нога или
рака, но нашите родители никогаш не отишле на суд за тоа.

Игравме со лак и стрела, правевеме тврдината на снег, фрлавме петарди за Нова Година, читавме романчиња и стрипови и никој не настрада од тоа.

Возевме велосипеди или одевме пеш, до куќата на нашите пријатели, ѕвоневме на врата или едноставно влегувавме во нивната куќа да се дружиме и да бидеме заедно! Кога ќе бевме во неволја со законот, родителите не плаќаа кауција за да не ослободат. Всушност, тие често беа построги од самиот закон!

Последните 50 години беа најплодни години во историјата на светот. Од нашата генерација излегоа најдобрите пронаоѓачи и научници. Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со тоа!

Ако и вие припаѓате на таа генерација, секоја чест!

Споделете го ова со вашите пријатели и пратете ја оваа порака до вашите деца да видат и дознаат како нивните родители пораснале!

loading...