Хороскоп за месец мај: За слободните Бикови фатална љубов, стара љубов ќе им се врати на Рибите

АКЦИЈА
loading...

Овен

Иако ситуацијата во работата ќе биде комплицирана, вие ќе демонстрирате упорност и тврдоглавост. Разговорот ќе биде лек за многу емотивни проблеми. Слободните ќе стагнираат. Можна е настинка.

Бик

Ви се отвораат нови деловни хоризонти – новите проекти дополнително ќе ве инспирираат. Недоразбирањата со партнерот нема да остават трајни последици врз врската. Слободните ќе ги стресе фатална љубов. Можни се главоболки.

Близнаци

Вашиот труд конечно ќе биде препознаен и вреднуван. Неразбирањето на партнерот на вашите средби со пријателите ќе ја наруши хармонијата во врската. На слободните им се смешка интересно познанство. Главоболка.

Рак

Вашите креативни идеи ќе го подигнат еланот за работа на целиот колектив и ќе привлечат нови проекти. Емотивните врски ќе функционираат солидно, а слободните и понатаму ќе живеат во минатото. Контролирајте го притисокот.

Лав

Мноштвото стресни ситуации во работата сигнализираат дека е време за промени. Емотивните партнери ќе ја надминат кризата. Слободните се расположени за флерт. Можни се алергиски реакции.

Девица

Новите деловни проекти значително ќе влијаат врз вашата самодоверба. Партнерот ќе има впечаток како да не сте тука, поради што ќе ви префрлува. Слободните ќе ја освојат симпатијата. Минлива нервоза.

Вага

Неочекуван деловен пресврт ќе ви ја врати насмевката на лицето. Партнерот ќе настојува да ја разгори страста во врската. Слободните ќе запознаат интересна личност преку пријателите. Проблеми со варењето.

Шкорпија

Доколку навреме ги одредите деловните приоритети, ќе избегнете нервоза. Заедничкото патување ќе биде можност да се зближите со партнерот. Слободните ќе флертуваат со зафатено лице. Движете се повеќе.

Стрелец

Новите деловни понуди ќе ви бидат голем предизвик, но и надеж. Партнерот ќе ве стави на тест за да види колку ви значи. Слободните ќе уживаат да излегуваат и да се дружат. Одлично здравје.

Јарец

Вашиот труд ќе остави позитивни последици на деловните периоди што следуваат. И покрај спротивставените мислења, емотивните врски ќе опстанат. Слободните ќе бидат цел на интригантен додворувач. Несоница.

Водолија

Тензијата на работното место ќе се одрази и врз приватниот живот. Не дозволувајте да ви го наруши односот со партнерот – најдете време за него. Слободните се на прагот на нова авантура. Можни се проблеми со дишните патишта.

Риби

Поради иновативните проблеми, ќе им бидете трн во очите на колегите. Врските ќе бидат проткаени со романтика, но можни се и недоразбирања. Во животот на слободните ќе влезе старата љубов. Можни се болки во грбот.

loading...