Глината може да се употребува и како чудотворен лек

АКЦИЈА
loading...

Глината е полна со минерали, бидејќи настанала со столетната ерозија на гранитните карпи, со дејство на ветрот, дождот и топлината. Содржи алуминиумов силикат, калциум, калиум, магнезиум, железо, јод и натриум, а во мошне мали количества сребро, олово, злато, бакар и калај.

Уште во дамнешни времиња глината се користела како чудотворен лек за сѐ, но дури во последните десет години е признаена како делотворен лек за многу пречки, дури и во научните кругови.

СВОЈСТВА 

Глината има антисептички, бактерицидни и антитоксични својства, освежува, дава енергија и минерали, помага при заздравувањето на рани и слабеењето. Може да се нанесува непосредно на кожата или да се пие растопена во вода. Во билните аптеки има два вида на глина: зелена и бела. Се верува дека белата глина е подобра за надворешна употреба (облоги и катаплазми – топла кашеста облога), а зелената глина за пиење.

ЗА ПИЕЊЕ

Се пие растопена во вода, по 10 до 12 часа стоење. Не смее да се земаат повеќе од 4 лажичиња глина на ден. Додека земате глина, морате да пиете најмалку 2 литри вода на ден и да јадете повеќе варено овошје и зеленчук, бидејќи глината може да предизвика запек. Ако ви е непријатен вкусот на глината, можете да додадете половина лажиче мед.

ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА 

Глината може да се користи помешана со вода како облога и како катаплазма или како пудра, на пример, во случај на обилно потење, црвенило, рани, изгореници. Еднаш употребената глина мора да се фрли, бидејќи ги впива сите штетни материи од третираниот дел и ги губи лековитите својства. Третманот мора да се спроведе сѐ до престанување на проблемите. Прекинувањето на третманот може да биде штетно, бидејќи организмот на глината реагира со низа рекации, коишто мора да го завршат својот тек.

loading...