Дали Израел ќе го нападне Иран?

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави важно телевизиско обраќање за вечерва што ќе се однесува на Иранската нуклеарна програма. Од неговиот кабинет соопштуваат дека ќе се обрати од командата на Израелската армија.

Според медиумите, тој ќе открие документи во кои ќе се види дека Иран го лажел светот дека се придржува до програмата за нуклеарно оружје, а со овие документи бил запознаен претседателот на САД, Доналд Трамп. Земјата ќе одговори силно на провокациите на Иран, со цел да им наштети на нивните интереси во Сирија, тврдат дипломати. Главни цели на нападот би биле воените бази на сириска територија каде се сместени ирански војници.

По заканите на Иран дека ќе одговори на нападот на воената база во сириската област Хама, а за кој се верува дека го извел Израел, следува напад врз Иран.

Во синоќешниот напад загинаа 26 ирански војници кои се бореле на страната на сирискиот претседател, Башар ал Асад.

loading...