Талат е над сите закони: Самоволно и противуставно го применува недонесениот закон за јазици

АКЦИЈА
loading...

Законот за јазици со кој албанскиот јазик требаше да стане втор службен јазик не е стапен во сила. Затоа што претседателот Ѓорге Иванов го нема потпишано овој закон со образложение дека е противуставен. А без потпис на претседателот не може да излезе во службен весник.

Но тоа не му пречи на претседателот на Собранието Талат Џафери да бара на конкурс за вработување освен македонскиот како службен јазик да се говори и службениот јазик кој го зборуваат најмалку 20% од населението во овој случај албанскиот јазик. Оваа формулација “службен јазик, освен македонскиот кој го зборуваат најмалку 2о% од граѓаните на република Македонија”, е формулација која е дадена во новиот закон за јазици кој не е стапен на сила.”

Со сегашниот закон единствен службен јазик во Македонија е само македонскиот јазик.

loading...