ПОДЕМ прашува: Дали со последните изјави се подготвува терен за промена на Уставот?

АКЦИЈА
loading...

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ прашува дали последните политички изјави од македонскиот државен врв се во функција на подготвување терен за промена на уставот.

„Од премиерот Зоран Заев слушнавме дека Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ. Рече и дека ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност, при што посочи дека тој е човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање решение знаејќи дека може да се постигне решение ако и институциите во Грција и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение.
Затоа ПОДЕМ прашува за какви креативни начини станува збор. И зарем и таквата можност не испраќа уште еден сигнал дека Македонија е подготвена на уште отстапки.
Дали со вакви изјави се подготуваат граѓаните на Република Македонија за промена на уставот, се разбира чекор по чекор, но пополека и сигурно. Прво само договор, а во идно време пред влез во ЕУ и промена на Уставот“, се вели во соопштението на ПОДЕМ.

Понатаму, партијата се осврнува на изјавата на Димитров прашувајќи дали граѓаните се подготвени да ја платат цената.

„Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, порача и дека ќе сториме сè што можеме извештајот од Европската комисија во јуни да го преточиме во политичка одлука. Што е тоа сè? Дали македонските граѓани се подготвени да платат ваква цена? Дали знаат каква цена треба да платат и дали знаат што на крај ќе добијат? И дали нешто ќе добијат?“, прашува ПОДЕМ.

Макфакс

loading...