Момировски му врати на Тричковски: Где си Тричко, стара… (не е за во наслов)

АКЦИЈА
loading...

По интервјуто во емисијата на Горан Момировски 60 минути која се емитува на ТВ Алфа на Владимир Милчин во кое Милчин изрази јасна критика на политиките на Заев веднаш се јавија и ботовите на власта. Ботовите на власта јавно го нападнаа новинарот Момировски како и својот довчерашен соборец против ,,режимот’’ Владимир Милчин. Сепак ниеден не беше по буртален и по вулгарен од партискиот мегафон на СДСМ Бранко Тричковски. Токму на Тричковски ја посвети својата последна колумна на Експрес.мк новинарот Горан Момировски во која тој го разобличи партискиот мегафона на СДСМ.

Момировски кој е познат по своето високо професионално новинарско ниво објаснува зошто е токму ваков насловот на неговата реакција на колумната на Тричковски.

-Насловот на оваа реакција е од две причини ваков. Прво, два пати те викав во емисијата ,,60 минути’’ на Алфа и ти не дојде. Иако знаев дека си ме навредувал пред колегите и притоа прилично ниско си ја користел мојата килажа за да поентирап, јас те поканив како гостин. Изворно да зборуваш за се што ти лежи на душа. А ти не дојде ама затоа си седна и си напишал 200 реда за истата емисија каде што се уплаши да дојдеш.
И второ, никогаш не собра храброст да признаеш и да се извиниш дека како голем комунистички маг на пропагандата имаш директна одговорност за емоциите кои што голем дел од граѓаните сеуште ги имаат кон Албанците и Бугарите. Мислиш дека ако во твоето време немало интеренет не знаеме дека и ти си тој што во социјализмот директно или индиректно ,, диференцираше’’ Албанци, а подоцна по налог од ,,горе’’ прогласуваше Бугараши. Се лажеш многу се лажеш, вели Момировски.

Момировски констатираше дека Тричковски ќе продолжи со неговата мисија за ширење омраза и нови навреди. Тој истакна дека Тричковски решил да живее во тотален судир со реалноста и рационалност и побара машки да ги сноси последиците на својата злоба.

-Се надевам дека овие редови ќе ти помогнат во твојата секојдневна мисија да најдеш движечка сила за нова омраза, за нови навреди, за нови гомна и лајна, што незапирливо излегуваат од твојата тастатура и мал мозок. И така да купиш уште некој “плоден ден”.

Ако ти си решил така да живееш во тотален судир со реалноста и со рационалноста тоа е твоја одлука и така живеј. Но притоа сноси ги машки и последиците и немој да кукаш како дете кога луѓето со злоба враќаат на твојата злоба.
Затоа што некој има фетиш да твори омраза и навреди како тебе, некој да пали џипови од 66 илјади евра а некои пак да ставаат лајкови на делата на првите две категории. За сите три фетиши следуваат казни. Сега или подоцна, додаде Момировски.

Погледнете ја целосната реакција ТУКА

loading...