Денешен дневен хороскоп (понеделник, 30 април 2018)

АКЦИЈА
loading...

Овен

Исполнете си го ветувањето и денес почнете со диетата за која подолго време собирате храброст. Летото полека доаѓа, па зошто да не го пречекате со совршено тело?

Бик

Послушајте ги советите кои ви ги кажуваат пријателите, тие го посакуваат најдоброто за вас. Не бидете затворени и споделете ги вашите чувства со нив, така ќе се чувствувате подобро.

Близнаци

Нема ништо подобро од читање книга додека ги чувствувате топлите сончеви зраци. Денес искористете го денот за мала рекреација и за средба со пријателите. Внимавајте на болките во мускулите.

Рак

Проблемите на работа никако не носете ги дома, бидејќи така ќе предизвикате караници со семејството. Кон крајот на денот, очекувајте некое изненадување од личност од спротивниот пол.

Лав

Не дозволувајте неколку ситни проблеми да ве растревожат. Фокусирајте се на позитивни работи и мислете на она што ви причинува задоволство. Очекувајте повик од личност од минатото.

Девица

Искористете ги талентите кои ги поседувате и започнете некој нов проект на професионално поле. Расположението ќе ви биде на највисоко ниво во текот на целиот ден, па потрудете се тоа расположение да го задржите и утре.

Вага

Немојте да бидете изненадени доколку добиете покана за кафе од некоја личност од спротивниот пол. Прифатете ја понудата и забавувајте се. Доколку сте во врска, направете нешто ново со вашиот партнер, на пример запознајте ги сите негови пријатели.

Шкорпија

Овој ден искористете го за да се зближите со вашиот партнер и да ја зацврстите вашата врска. Останете во дробро расположение, бидејќи само така ќе останете подалеку од проблемите.

Стрелец

Добар филм, чаша вино и партнерот до вас, зарем има нешто подобро од тоа? Овој ден ќе ви биде во знакот на љубовта, па затоа искористете го за да поминете возбудливи моменти со вашиот партнер.

Јарец

Денес е поволен ден за шопинг. Подновете си го вашиот гардеробер, а и купете неколку работи за вашиот дом, кои ќе му дадат совршен изглед.

Водолија

Денес е поволен ден за рекреација. Станете порано и направете неколку вежби, а потоа ќе се чувствувате убаво во текот на целиот ден. Во вечерните часови посветете му се на партнерот и приредете му изненадување.

Риби

По утрото денот се познава! Уште утрово ќе се разбудите полни со елан, а потрудете се така и да остане во текот на денот. Денес е ден на промени, направете нешто со што ќе си го подобрите начинот на живеење.

loading...