Билкава ја мислиме за обична трева, а не знаеме дека е лек

АКЦИЈА
loading...

Тушт е горчлива и солена билка која често се користи во медитеранската и индиската кујна. Половина шолја тушт содржи повеќе од 1.000 IU витамин А, што ja прави најевтината здрава храна на светот.

Се користел уште во Стариот Египет, од него во Европа се прават вкусни специјалитети, а единствено ние газиме по него, го корнеме и го фрламе.

За лек се користи надземниот дел во свежа состојба и тоа за намалување на крвниот притисок и шеќерот во крвта.

Во стари времиња се употребувало против глисти.

Туштот содржи витамин Ц, минерали, омега 3 масни киселини.

Туштот е особено добар за децата.

Оваа билка расте по бавчите, лозјата и по песокливи места.

Моќен појадок со тушт кој ги пржи калориите

Состојки:

– Маслиново масло
– ½ кромид со средна големина (сецкан)
– 2 шолји тушт (без стеблото)
– 1 пиперка халапењо или серани (сецкања)
– 4 омега 3 јајца
– 4 пченкарни тортиљи
– сол

Подготовка:

Ставете маслиново масло во тавче и додадете го кромидот, па динстајте го. Додадете тушт и пиперка, па динстајте околу две минути.

Додадете ги јајцата, па лесно мешајте ги со останатите состојки. Кога јајцата се речиси готови, загрејте ги тортиљите во сува тава.

Посолете ги јајцата и ставете ги врз тортиљите, можете да ги прелиете со вашиот омилен сос.

loading...