Внимавајте на милениците и децата: Во Карпош змија слободно шета по улици (Фото)

АКЦИЈА
loading...

Покрај убавините кои ни ги носи топлото време, можноста за пријатни прошетки по парковите низ градот, носи и работи од кои многу граѓани се плашат.

Вчера на социјалните мрежи се појави фотографија од змија која се шетала низ центарот на Скопје. Знаеме дека  змиите можат да се сокријат низ високи треви и ливади, па затоа апелираме за внимателност при движење во природа како и низ најблиското планинско место Водно.

Денеска пак се појавија нови фотографии на кои јасно се гледа како повторно во центарот на Скопје, поточно во населбата Карпош 4 слободно се шета змија оттровница.

Фотографиите ги објавија револтираните граѓани кои во Карпош ја затекнале змијата пред нивната зграда и се обиделе да ја убијат но не успеале.

-Драги пријатели, Не се разбирам многу во влекачи и змии, но во Карпош 4 во близина на кејот на Вардар (и тоа на тротоарот пред зграда) е видена змија, не е мала, не знам дали е отровна или не, во секој случај е језива, па само да ви кажам внимавајте на своите миленици и дечиња.

Под оваа објава стојат и неколку коментари дека змијата е отровница.

loading...