На утакмицата Вардар-Кил: Падна понуда за брак (ВИДЕО)

АКЦИЈА

На полувремето од натпреварот Вардар-Кил се случи едно изненадување. Еден од навивачите на Вардар-Владимир, токму на најважниот натпревар на црвено-црните, се реши да направи уште еден потег за паметење. Тој пред целата арена ја побара раката на својата девојка Ирена, што наиде на воодушевување од сите присутни во салата. Одговорот секако беше потврден, а сега останува само уште ракометарите на со пласман на Ф4 турнирот во Келн да ја комплетираат радоста на Владимир.

„Ирена, ќе се омажиш ли за мене?“, стоеше на видео-бимот во СЦ „Јане Сандански, а девојката ја прифати понудата. Салата ги поздрави со аплауз, а девојката од среќа прсна во плач.

Цела сала се крена на нозе, а среќниот пар веднаш беше лоциран на трибните.

loading...