Споделете: На Игор Геленчев му се потребни средства за операција на мозокот

АКЦИЈА
loading...

Сигурно се сеќавате на Игор Геленчев. 14-годишното момче од Богданци за кое минатата година собиравме донации да замине на итна операција во Турција од тумор на мозокот. Неговата мајка која е самохрана и се бори за својот син не замоли за помош и да и помогнеме да се соберат повторно потребните средства за да замине на уште една операција во месец мај, која е итна. Парите за првата операција ги собравме брзо и успеавме да го испратиме Игор на операција и да го спасиме. Но тука не заврши се…. За жал….

Здравствената состојба на Игор по извесно време се влошува и неопходна е итна операција која докторите во Турција мора да ја направат без одлагање. Но како? Како да се соберат парите до месец мај?

Имаме само неколку дена. Во прашање е живот. Колку подолго време се собираат парите толку еден живот е во прашање. Операцијата чини 19.000 евра. Како да се соберат потребните средства? Зарем еден детски живот вреди 19.000 евра? Зарем животот има цена? За тоа да ја покажеме повторно хуманоста и да донираме за да го спасиме Игор.

100 денари за нас за Игор живот значат.
Ајде да го стоплиме срцето на Игор и неговата мајка

loading...