Mоторџии од целиот свет доаѓаат во Македонија

АКЦИЈА
loading...

Над 4.000 моторџии ќе присуствуваат во Скопје за време на музичкиот фестивал „Ентер-фест“. Организаторите истакнаа дека подготвуваат големи изненадувања за нив.

„Скопје ќе биде музичкиот центар на регионот, како и европски моторџиски центар, каде што ќе царуваат забавата и слободата. Добредојдени се сите пријатели и соседи за на дело да покажеме колку многу го сакаме заедничкиот соживот“, изјавија од организацискиот одбор на „Ентер-фест“.

Оттаму додаваат дека во следните денови ќе бидат објавени многу изненадувања и дека крајната цел е фестивалот да се најде на музичката мапа на Европа и светот.

Музичкиот фестивал „Ентер-фест“ ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни. На две големи сцени, поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе настапат шеесетина музичари, популарни бендови и диџеи. Организаторите засега открија дека ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“. Фестивалот има цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји.

Како што беше објавено, цената за комплет билети за сите фестивалски денови во претпродажба чини 990 денари на http://mktickets.mk/. Освен што ќе има музика за сечиј вкус, организаторите додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво по цена од 80 денари.

loading...