Конечно убава вест: За првпат во Македонија, вработени ќе добијат покачување од 5.500 денари!

АКЦИЈА

Рудникот САДА одлучи да ги зголеми платите на своите вработени за 5.500 денари – денес соопшти генералниот директор Нил Стивенсон.

Покрај зголемувањето од 5.500 денари, во јануари 2019-та година работниците ќе добијат уште едно покачување од пет отсто и уште пет отсто во 2020-та година, што пресметано од сега до 1 јануари 2020-та година платата ќе им порасне за дури 30 отсто.

„Зголемувањето од 5.500 денари е многу добра понуда со која нашите вработени би добивале плата поголема од 40.000 денари месечно. Но, преговарачите сметаат дека тоа не е доволно и имаат нереални барања за зголемување на плататат од 270 отсто, што е плата поголема од 2.000 евра месечно. Таква сума не можеме да исплаќаме зашто ќе влијае врз нашата оперативност, а веројатно и врз иднината на компанијата“ истакна Стивенсон.

Мутлиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) кој беше преговарач за зголемување на платите одлучи да не ја отфрли понудата и да ја разгледа по што ќе донесе одлука дали таа ќе се прифати.

„Задоволни сме од преговорите. Ова првпат се случува во Македонија некој да зголеми плата за 5.500 денари. Но, компанијата е многу добра со одличен менаџерски тим поради што и нашите барања се од таков обем“, рече претседателот на МЕСО, Драги Јовановски.

loading...