Свадбената приказна на еден од најубавите брачни парови во Македонија

АКЦИЈА

Свадбената приказна на познатиот брачен пар од Македонија, Светлана и Мики Црнокрак, сите обожаваме да слушаме за вакви настани, а љубовната приказна на овој брачен пар ви ја пренесуваме во продолжение:

ДОЖД НА СВАДБА –БЕРИЌЕТЕН БРАК

Првата средба беше пред 22 год. А каде на друго место ако не на модна ревија и тоа поточно во Битола. Тоа беше љубов на прв поглед и од тогаш почнав да верувам дека навистина постои таква љубов на прв поглед.

Ме освои со…

На прв поглед надворешниот изглед нормално, а потоа се повеќе ме освојуваше со својата позитивност и духовитост.

Патот до срцето Мики го пронајде за многу кратко, бидејќи како што кажав беше тоа љубов на прв поглед… се наредија неколку ревии по ред каде што настапувавме заедно и од тогаш сме неразделнии.

Мики ме запроси после една година од нашата врска..јас искрено не очекував..седевме во едно наше омилено кафуле каде што постојано си излегувавме и ми постави прашање, а што би било кога ти би била моја жена, можеби прво да се осигура што ќе кажам. И јас на тоа се насмевнав и му одговорив дека би била најсреќната жена…и ми извади прстен и јас толку многу се збунив …преубаво чувство.

Подготовките околу свадбената церемонија:

Мики ме запроси во Мај, а свадбата ни беше на 11 Октомври. Ние младите бевме задолжени за декорирање на покани, простор, а првенствено за тоа како ќе изгледаме како младоженци се разбира…околу гостите нашите родители…

Денот на свадбата најмногу ќе го паметам по дождот. Утрото кога се разбудив беше прекрасен сончев ден се до моментотож кога дојдоа сватовите по мене во Гостивар, бидејќи сум од таму. Само што тргнавме за Скопје почна да врне толку многу што цел ден не се сопре..па постариве ни викаа штом ви врне на свадба ќе имате бериќетен брак , некои мене ми викаа сум гребела тенџере..како и да е не погрешиле и во двете претпоставки.

Рецептот за среќен брак:

Во брак сме 21 год. Плод на нашата љубов се нашите прекрасни ќерки Моника и Нина.

Рецептот за успешен брак пред се се взамната почит, разбирањето , компромисот и љубовта се разбира. А и работата што заеднички ја работиме и сме во тој свет и двајцата исто така е голем плус за нашиот брак.

loading...