По повеќе од година, објавена причината за падот на авионот на Чапекоенсе

АКЦИЈА
loading...

Повеќе по една година од несреќата, колумбиската авијација ги објави причините за падот на авионот на Чапекоенсе, во кој загинаа 71 лице од вкупно 77 патници.

Во деталниот извештај, стои дека 40 минути пред несреќата која се случи во Боливија, авионот останал без гориво, а пилотите не реагирале навремено и поради тоа дошло до страотната несреќа. Како виновник посочена е компанијата која го организирала летот, затоа што немало обезбедено доволно гориво за долгиот пат во кој не било предвидено да се слетува на друг аеродром.

Тимот на Чапекоенсе оствари историски успех и се пласира во финалето на Копа Судамерикана, но на патот кој Меделин, каде требаше да се игра натпреварот, се случи кобната несреќа. Од целиот фудбалски тим, преживеаја само тројца фудбалери – Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето.

loading...